Поранешниот генерален секретар на НАТО – Јенс Столтенберг, во своите мемоари ги опиша разговорите што ги имал со претседателот на Русија, Владимир Путин, нагласувајќи дека рускиот лидер е „вреден, рационален и фокусиран“, објавуваат руските медиуми.
Според неговите изјави, тој бил во Москва за првпат во јуни 2001 година како премиер на Норвешка, а подоцна добил впечаток дека средбите со Путин генерално се одвивале во „пријатна атмосфера“.
– Тој секогаш бил добро подготвен за темите што ги дискутиравме. Можно е да се соработува со Русите и тие ги почитуваат постигнатите договори, вели Столтенберг.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно го опиша својот руски колега како „силен човек“ и „професионалец“, што се вклопува во неговата проценка за предвидливоста и прагматизмот на Москва во нејзиниот дијалог со Западот.