(ВИДЕО) Филипче го честиташе 11. Октомври: Аманетот од хероите на НОБ е да ја продолжиме борбата

Од:

Претседателот на СДСМ – Венко Филипче, денеска, во чест на 11 Октомври – Денот на народното востание, одржа средба со претставници од Сојузот на борци на НОАВМ.

Филипче го честиташе големиот македонски празник, го истакна аманетот на борбата и го посочи значењето и придонесот на НОБ и на Сојузот на борци во поставувањето на темелите на нашата држава.

На средбата беше истакнато дека македонскиот народ секогаш бил на вистинската страна на историјата – на страната на слободата, правдата и одбраната на достоинството на секој еден човек.

„Имавме одлична средба денеска со претставници од Сојузот на борци, секој еден од нив – директни потомци на народни херои, првоборци, луѓето коишто со крв се вградија во темелите на оваа држава, кои што покажаа со дела и со борба дека Македонија ја сакаат повеќе од сè“, рече Филипче.

Тој додаде дека борбата за подобро општество не е завршена, и треба уште многу да се работи за целосно да се исполни аманетот на нашите предци.

„Треба уште многу да работиме напорно, да ја зајакнеме оваа држава, да го завршиме евроинтегративниот пат, за Македонија да биде убаво место за живеење во кое што младите ќе ја гледаат иднината. Да го најдеме начинот да постигнеме национален консензус и да се бориме против најголемите непријатели на денешнината, а тоа е корупцијата, партизацијата и сиромаштијата“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

Филипче: Не може работниците да протестираат, а власта да купува нов авион

А1он