Купер: Безбедноста на Западен Балкан придонесува за безбедноста на цела Европа

Од:

Британската министерка за надворешни работи, Ивет Купер, ги пречека шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан во замокот Хилсборо во близина на Белфаст. На Самитот за Западен Балкан, кој е дел од Берлинскиот процес, со кој Обединетото Кралство претседава оваа година, се разговара за безбедноста и стабилноста во регионот, економскиот просперитет и миграцијата, најави Купер.

„Тука сме заедно да ја поддржиме стабилноста и безбедноста на Западен Балкан, бидејќи знаеме дека тоа придонесува за безбедноста на цела Европа, вклучително и нашата безбедност во Обединетото Кралство. Ние сме во замок кој е симбол на мир, напредок и помирување“, рече Купер.

На Самитот, таа ќе објави и нов проект вреден четири милиони фунти за зајакнување на кибер отпорноста во регионот и размена на искуства во борбата против дезинформациите и другите малигни активности од страна на непријателски актери. Ова првенствено се однесува на нападите од Русија. На Самитот, Купер ја изрази својата поддршка за „настаните на Блискиот Исток синоќа“.

„Договорот за првата фаза од мировната иницијатива на претседателот Трамп е момент од длабоко значење, олеснување и надеж. Сакам да им оддадам почит на преговарачите од Соединетите Американски Држави, Катар, Египет, Турција и многу други земји кои работеа толку посветено со месеци за да стигнат до оваа точка, по две години најразорни страдања, во кои беа изгубени десетици илјади животи, со болката на заложниците кои беа држени толку долго и хуманитарната криза што се одвиваше“, рече Купер, додавајќи дека договорот за прекин на огнот, враќање на хуманитарната помош и ослободување на сите заложници е од огромно значење и мора да се спроведе што е можно побрзо.

Би можело да ве интересира

„Ил Фато Квотидијано“: Дијалогот со Москва е клучен за стабилизирање на Европа

Ескелунд: Прашање е дали Европа би можела да произведува паста за заби без Кина

Трамп размислува за повлекување на американските трупи од Европа

Сијарто: Брисел ја блокира евтината руска енергија од идеолошки причини

Орбан: Европа мора да ги укине санкциите врз руската енергија

Велика Британија: Европа мора да се подготви за одбрана без САД