(ВИДЕО) Филипче: Тоа што СДСМ го создаде ДПМНЕ го руши, укинати здравствените услуги во Неготино

Од:

Венко Филипче вечерна на граѓанската трибина во Неготино не зборуваше само како претседател на СДСМ туку и како лекар искажувајќи го своето разочарување од здравствениот систем во Неготино кој е запуштен и на терет на граѓаните поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ и нивниот градоначалник стојат неми пред уште една голема неправда уништување на здравствениот систем во Неготино. Наместо да ја подобрат здравствената заштита, тие подготвуваат нов удар врз граѓаните припојување на ЈЗУ „Здравствен дом“ Неготино кон Општата болница во Кавадарци. Денес, наместо 24-часовна услуга и достапна нега, приправноста во лабораторијата и рендгенот е укината, па граѓаните на Неготино и Демир Капија за секој банален преглед мора да патуваат до Кавадарци или во некој друг град. Тоа е срамно, тоа е понижување за целиот регион и тоа е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ повторно ја води државата со рамнодушност, небрежност и презир кон обичниот човек“, порача Филипче.

Пред неготинчани Филипче исто така рече дека како што претходно ВМРО-ДПМНЕ го затвориле породилното одделение, денес сакаат да затворат здравствена установа која била целосно обновена од власта на СДСМ.

„Граѓаните на Неготино добро паметат што се случуваше во претходната власт од ВМРО-ДПМНЕ кога се затвори породилното одделение. Со истите изговори и истата ароганција денес гледаме ново сценарио, нов обид за укинување на здравствена установа што беше целосно обновена во наше време здравствена установа со нова лабораторија, рентген, мамограф, модерна итна медицинска помош и стручен кадар. Тоа што е создадено со труд, знаење и љубов кон овој град, тие сега сакаат да го уништат. И затоа јавно велам: граѓаните на Неготино ова не смеат да дозволат ова да се случи!“, рече Филипче во Неготино.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски рутинска работа ја претставува како дипломатска победа

Обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за „Мазут“, бара СДСМ

(ВИДЕО) Филипче: Кошта ја потврди вистината, уставните измени се единствениот услов за ЕУ

СДСМ: Додека Кошта ја кажува вистината за ЕУ, власта отвора предмет за Богоев

СДСМ бара нови избори во Карпош, Мицкоски вели боледувањето на Лукровски било лична работа

Катерина Ѓуровски

Филипче: Внесувањето на Бугарите во Уставот не е закана за македонскиот идентитет

Горан Наумовски