(ВИДЕО) Коњановски: Инвестиции во фотоволтаици и субвенции за енергетска ефикасност за граѓаните на Битола

Од:

Како локална самоуправа веќе сме препознати од македонската и меѓународната јавност, како пример за еколошка свест и одговорност, преку вложувањата во енергетската ефикасност и заштита на животната средина. Продолжуваме со уште позасилено темпо: Воведуваме субвенции за енергетска ефикасност и одржливост: нови фасади, дограми, велосипеди, соларни колектори и фотоволтаици, мерки со кои што ќе го намалиме загадувањето и значително ќе ги намалиме трошоците за енергија кај граѓаните, изјави на Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ.

– На нашите училишта, градинки, јавни институции и старскиот дом „Сју Рајдер“ ќе бидат поставени фотоволтаични системи кои ќе произведуваат чиста електрична енергија и ќе придонесат за енергетска независност.

Создаваме нови паркови и спроведуваме пошумувања, заедно со активности за едукација на граѓаните за правилна селекција на отпад. Веруваме дека секој поединец има улога во заштитата на природата.

Во партнерство со стручни институции, воведуваме конкретни решенија за намалување на загадувањето. Ќе поставиме повеќе пунктови и контејнери за селекција на отпад, а со силна едукативна и медиумска кампања ќе ги охрабриме сите да станат дел од промената.

Нашата заедничка мисија е да изградиме почиста, поздрава и поодржлива средина, за нас, за нашите деца и за идните генерации. Вистински избор е зелена и модерна Битола, рече Коњановски.

Би можело да ве интересира

Стаменкоска Трајкоска: Во изминатите четири години во Кисела Вода се работеше за народот, така и ќе продолжиме

Следи голем инвестициски циклус, каде покрај средства од општините и Владата, обезбедени се и финансии од Светска банка, вели Николоски

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на СДС со нивната омилена компанија Марковски излезе на површина

Јорданов: Повеќе сум згрозен, отколку што сум изненаден од кампањата која ја пласираат моите политички противници

ВМРО-ДПМНЕ: Аеродром ќе добие на нов модерен спортски центар

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Стевчо вети катни гаражи, ама не направи ниту една, сега пак ги ветува истите