Во врска со информациите кои денес беа објавени во медиумите за апсење поврзано со сопственикот на „Марковски Компани“, Борче Марковски, сакаме да ја информираме јавноста дека ниту еден член од актуелното раководство на РЕК Битола не е приведен, ниту инволвиран во тековната постапка, велато од ЕСМ.
– Приведените лица се дел од поранешното раководство на РЕК Битола, а постапката што ја водат надлежните органи се однесува на дејствија и одлуки донесени во претходниот период, пред сегашното раководство да ја преземе функцијата.
Го охрабруваме целосното расветлување на случајот и изразуваме поддршка за институциите во спроведување на законските процедури, со цел утврдување на фактичката состојба, се вели во реакцијата од ЕСМ.