ЗНАМ – прва партија со AI-платформа за директен дијалог со граѓаните, „ZnamGPT: Прашај го градоначалникот“

Од:

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска ја промовираше првата интерактивна платформа со вештачка интелигенција во македонската политика – „ZnamGPT: Прашај го градоначалникот“, со што се отвора ново поглавје во дигиталната демократија и политичката транспарентност во земјата.

Со оваа иновација, Движењето ЗНАМ овозможува директен и брз дијалог меѓу граѓаните и кандидатите за градоначалници на движењето. Платформата им овозможува на граѓаните да поставуваат прашања, да добиваат прецизни и навремени одговори, како и да се информираат за сите проекти, програми и визии на кандидатите, истакна Маја Рисова Мутлулар, член на Централниот Одбор на Движењето ЗНАМ за наша Македонија.

„ZnamGPT“ претставува чекор кон нова политичка култура – култура во која секој може да праша, секој добива одговор и секој знае што се случува во неговата општина.

„Денеска не промовираме само дигитален производ – промовираме нов начин на водење политика. Политика што слуша.
Политика што одговара. Политика што не се крие зад изговори, туку стои зад вистината.

Преку оваа алатка, граѓаните ќе имаат пристап до информациите за локални проекти и планови, податоците за инфраструктура, урбанизам и јавни услуги, како и за визијата на кандидатите за одржлив и современ развој на градовите.

Платформата е достапна 24 часа дневно, 365 дена во годината, и може да се користи од секое место преку линкот во прилог : www.znamgpt.mk

Оваа иницијатива е дел од пошироката визија на Движењето за модерна, транспарентна и одговорна Македонија – држава која чекори напред со знаење, иновации и отвореност кон граѓаните.”

Би можело да ве интересира

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

Карапејовски: Пржинската влада мора да биде укината

Горан Наумовски

Аријан Ибраим е старо – нов градоначалник на Општина Центар Жупа

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски