Ѓорѓиевски: Во Шуто Оризари ќе се изгради нов Културен дом „Есма Реџепова“

Од:

Нов фудбалски стадион, реконструкција на Спортскиот центар „Шуто Оризари“, изградба на нов Културен дом „Есма Реџепова“ и спроведување на социјалната програма „Скопје – град кој се грижи за сите“ се низа инфраструктурни и социјални проекти за Шуто Оризари кои денеска ги најави кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

Според него, овие вложувања се дел од визијата за рамномерен развој на Скопје, каде секоја општина добива шанса да придонесе кон заедничкиот напредок.

– Шуто Оризари е дел од нашата визија за современо и функционално Скопје, каде секоја општина добива шанса да го развие својот потенцијал, изјави Ѓорѓиевски.

Меѓу најавените проекти се изградба на нов фудбалски стадион со трибини, соблекувални, осветлување и пристапна инфраструктура, кој ќе служи за спортски активности на младите, но и за локални и регионални натпревари и општествени настани.

Планирана е и целосна реконструкција на Спортскиот центар „Шуто Оризари“, со нови терени, зелени површини и урбана опрема, со цел да се врати неговата улога како центар на спортот и рекреацијата.

Во областа на културата, Ѓорѓиевски најави изградба на нов Културен дом „Есма Реџепова“ на местото на старото матично, кој ќе биде простор за театар, концерти, изложби, кино и младински активности.

-Со изградбата на новиот Културен дом „Есма Реџепова“ на местото на старото матично, вложуваме во културата како темел на заедништвото и локалниот идентитет. Домот ќе биде простор за театар, концерти, изложби, кино проекции и младински активности, но и симбол на достоинството, традицијата и културната енергија на Шуто Оризари. Со тоа оддаваме и посебна почит кон големата Есма Реџепова – амбасадор на ромската култура, која со својот глас го претставуваше не само Шуто Оризари, туку и Скопје и цела Македонија во светот, истакна Ѓорѓиевски.

Во рамки на социјалната програма „Скопје – град кој се грижи за сите“, најави системска поддршка за граѓаните во социјален ризик, преку финансиска помош, хуманитарни пакети, психосоцијална поддршка и програми за преквалификација. Ќе се формираат и прифатни центри со 24-часовна грижа и програми за ресоцијализација на бездомници.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

100 нови автобуси за Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски

Почнуваат градежните работи на булеварот „Македонија“, првата од четирите фази треба да се реализира за 90 дена

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Скопското Кале е чисто и уредено

А1он

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски

Трагедија во Скопје: Почина бебе во Шуто Оризари