Нека не ве чуди што Гостивар е најраселена општина во Македонија. Тоа е така, затоа што, слободно ќе кажам, дел од водачите на партиите на Албанците во Македонија се преиграа политика, а овие – од државотворнава СДСМ, зинати за власт и со криминал преку ушите, со две раце ги прифаќаа ваквите игри. И затоа сега се каде што се. Пред исчезнување, рече Дафина Стојаноска член на Извршниот комитет на денешниот митинг во Гостивар.
Стојаноска посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, и повторно почнува да гради од темел – онаму кај што другиве оставиле пепел.
Стојаноска се осврна и на противниците од СДСМ и Левица.
„На овие со бројот 5 од вчера напомош им се јави и струмичанецот на привремен престој во Дубаи. Тој кој велеше дека баклавата е изедена, ама тепсијата сто, треба да дојде во Гостивар и да види дека од некогашното СДСМ во Гостивар веќе нема ни тепсија, ни баклава. Овие, пак , со бројот 6 – лесничари кои најлесно знаат да одработуваат за најдобро платената сума. И види мајката опасни политичари, кандидирале градоначалници токму во Тетово, Гостивар и Струга, кај што ќе се бие битката меѓу партиите на етничките Албанци. Зашто, кај битката меѓу партиите на етничките Македонци – ВМРО е многу на малку, па Димче нема есап да се појави. И цело време го напаѓаат само ВМРО, дури и името ќе ни го забранеле кога тие ќе дошле на власт, значи на Свети Никогаш. Па добро бе Димче, овде ние не сме од вчера, па ти најде да не‘ учиш. Па од авион се гледа дека овојпат одработуваш за стопанот Али. Овојпат тој те платил најдобро и сега те поседува. Ти си најголемиот штетник за етничките Македонци, особено во Западна Македонија, и тоа во корист само на Али, ама голем си, си знаеш“, кажа Стојаноска.
Стојаноска на крајот со апел: „Морав да го кажам ова за нив – за гостиварчани да знаат дека Димче не е патриот, туку е платеник кој одработува туѓи агенди. Одработува за Али и гласот за Димче во Гостивар е глас за Али. Затоа, драги мои гостиварчани, изборот на 19 ти октомври е кристално јасен. Тоа е бројот 9 – за носителот Мартин и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ. Бројот 9 – за Гостивар. Бројот 9 – за иднината на гостиварчани“.