(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Стевчо вети катни гаражи, ама не направи ниту една, сега пак ги ветува истите

Од:

Стевчо – кандидатот на СДС, Филипче и Заев пред 4 години вети катни гаражи, не направи ниту една, сега пак ги ветува истите. Четири години Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев не направи ниту една од ветените катни гаражи за Карпош. Се што вети во 2021 сега повторно го ветува. Стевчо – кандидатот на СДС, Филипче и Заев нема намера да направи ниту една катна гаража, исто како што не направи ниту во изминативе 4 години. Стевчо оди со мисла дека повторно некој ќе му поверува на неговите шарени лаги, за тој потоа да тера бизнис со урбаната мафија, изјави Анета Марковска Илиевска, советничка во Советот на Град Скопје.

– Стевчо – кандидатот на СДС, Филипче и Заев овде од Лептокарија повторно ветува катна гаража, но ја заборава фонтаната која ја ветуваше во 2021 година за која тврдеше дека ќе била најголемата во Македонија.

4 години потоа, ниту една од ветените катни гаражи на Стевчо не е направена, но затоа има неконтролирана бетонизација, ѓубре и дупки по улиците.

Карпошани нема повторно да бидат излажани од Стевчо – кандидатот на СДС, Филипче и Заев. Стевчо ќе биде казнет на овие избори за сите лаги и сите зделки кои ги тераше на грбот на карпошани, тврди Марковска Илиевска.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ