Извозот зголемен за 1,8 отсто, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

Од:

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари – август 2025 година изнесува 325 133,2 милиони денари и бележи пораст од 1,8 отсто во однос на истиот период лани. Вредноста на увезената стока е 464 340 милиони денари што е за 2,7 проценти повеќе во споредба со истиот период претходната година.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот се најзастапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Во периодот јануари – август 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 47.7 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 59.8 % во вкупната размена.

Би можело да ве интересира

Намален бројот на работници во индустријата, најмногу кадар се бара во услужните дејности

Во првата половина од годинава од земјава извезени стоки во вредност од 4,034 милијарди евра

Кинеската економија порасна во вториот квартал од 2025 година благодарение на силниот извоз

Просечната нето-плата во мај 45. 796 денари

Разговарано е со САД за царински олеснувања, може ќе сме во групата земји кои ќе имаат најповолни услови, вели Мицкоски

Раст на извозот од 3,2 отсто во периодот јануари – мај годинава