Трајановски: ГТЦ ќе биде дом на градот, младите и културата – повторно симбил на Скопје

Од:

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Александар Трајановски од коалицијата „Искуство за успех“, најави план за пренамена на Градскиот трговски центар во ново седиште на градската администрација и современ хаб за младите и културата.

„ГТЦ е симбол на Скопје, за да го зачуваме и заштитиме, мора да добие своја пренамена. Ќе добие нова улога – ќе биде функционален дом на институциите на Градот, достапен и ефикасен за граѓаните, но и ново срце на младите, иновацијата и културата.“ изјави Трајановски.

Во ова решение се предвидува, покрај градските институции, ГТЦ да стане и модерен простор наменет за младите, иновативноста, претприемништвото, зачувувањето на занаетите и нова поголема еколошка зона.

Во ГТЦ ќе биде воспоставен Скопски Хаб на Иновативност и Скопје Стартап Хаб, каде младите ќе развиваат свои идеи, ќе добиваат менторство и обуки, и ќе започнуваат нови бизниси. Ова ќе биде место каде Скопје ќе произведува решенија за сопствените предизвици и ќе креира иднина за младите генерации.

Наместо сегашната мала градина, целиот покрив на ГТЦ ќе биде претворен во голема зелена градина, нова градска оаза во срцето на Скопје.

Тоа ќе биде место за одмор, културни настани и урбано зеленило, со засадени дрвја, предвидени модерни седечки позиции и простор за младите и семејствата. Новата покривна градина ќе обезбеди дополнителна енергетска ефикасност, подобрување на квалитетот на воздухот и современ изглед на објектот, кој повторно ќе стане симбол на модерно и зелено Скопје.

„Со овој проект, ГТЦ ќе го претвориме во уникатен градски центар кој ги спојува администрацијата, иновацијата, културата, традицијата и екологијата. Ова ќе биде Скопје кое инспирира, мотивира и им припаѓа на своите граѓани,“ порача Трајановски.

Би можело да ве интересира

ГРОМ: Згрозени сме од одлуката на АВМУ Левица биде исклучена од покривање на трошоците за медиуми во кампањата за локалните избори

Катерина Ѓуровски

Гром уби човек во Црна Гора

А1он

Од удар на гром во САД: Загина маж, 13 повредени, четири деца се хоспитализирани

Тројца загинати и четворица повредени – гром удри на плажа во Русија

А1он

Според ГРОМ, ден „Д“ од каде треба да се насочи истрагата е 21.12.2024 год. денот кога УJП, на овој објект му ставила пломба и го затворила

Гром предизивка пожар во Бајловце, општина Старо Нагоричане

Горан Наумовски