СДСМ: Владата на Мицкоски склучила договор за надзор со ИРД Инженеринг, истата фирма за која велеа дека е епски криминал

Од:

Колку лажни лица има ВМРО-ДПМНЕ и оваа влада на Мицкоски? Премногу. Денеска ќе објавиме уште едно. Кога беа опозиција, Мицкоски, Николовски, Стојановски, цело ВМРО-ДПМНЕ држеше секојдневни прес конференции со обинувања за ИРД Инженеринг, фирмата надзор за автопатите од страна на Бехтел Енка. Ова за ВМРО-ДПМНЕ беше „епски криминал“ „лош надзор“ „сомнителна компанија“, се вели во соопштението од СДСМ од денешната прес-конференција на портпаролката на партијата Богданка Кузеска, што МИА го пренесува интегрално.

Јавно на прес конференции целиот партиски врв на ВМРО-ДПМНЕ бараше реакции од Обвинителството , обвинуваа дека оваа фима, ИРД Инженеринг е „симбол на злоупотреби и партиски зделки“.

Лично Мицкоски зборуваше за „нов голем епски криминал“ и бараше кривична одговорност. Највуваа раскинување на договорот, репреговарање, што ли уште не.

Тоа беше ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Денеска гледаме дека се ова било лага до лага.

Денес со истата фирма, ИРД Инженеринг, за која велеа дека е епски криминал, сомнитена, и така натаму владата на Христијан Мицкоски склучила Договор за надзор.

Еве го тој Договор, склучен на 19 септември 2025 година, помеѓу македонски Желеници и ИРД Инженеринг вреден 55 илјади евра.

Договорот е за Надзор на изведба на градежни работи за санација на делници од спроведената поедноставена отворена постапка.

Наместо истрага – договор. Наместо одговорност – соработка.

Ова е врв на политичко лицемерие, театар за јавноста во режија на Мицкоски и ДПМНЕ.

Додека јавно зборуваат за епски криминал под маса склучуваат договори со истите фирми.

Како тоа сите фирми што вчера беа „сомнителни“ стануваат нивни најблиски деловни сојузници?

Или ВМРО-ДПМНЕ свесно ги лажела граѓаните или сега тие се влезени во гуша до епскиот криминал, треато нема.

Со оваа власт, лагата стана државна политика.

Бараме: Мицкоски јавно да излезе и да им се извини на граѓаните за сите негови лажни изјави.

Николовски да одговори зошто е склучен договор со ИРД ИНженеринг, повикаа од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, без бариери и со неограничен интернет

Светските економии да се подготват: Доаѓаат незамисливи шокови

Предраг Петровиќ

АЛТА банка ја претставува новата апликација ALTA Bank2Go за побезбедни онлајн трансакции

One Macedonia и Ericsson потпишаа договор за развој на најсовремена 5G мрежа

Во текот на следната недела се очекува силна промена на цените на нафтата во светот

Стоименов: Одржливи решенија за игрите на среќа, а не за гол популизам кој ќе ја втурне државата во хаос

Предраг Петровиќ