Филипче од Охрид: ВМРО-ДПМНЕ докажа дека немаат ниту капацитет, ниту пак желба да им помогнат на луѓето

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Охрид, упати порака за потребата од активна граѓанска борба против неправдата, самоволието и деградацијата на институциите под актуелната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сега повикот е поважен и погласен од било кога. Ние мораме да се бориме за нашиот дом. Борбата почнува од секое маало, секое семејство, секоја куќа, од секоја улица. Наша обврска е да ја вратиме надежта дека оваа власт не може да прави што сака “, истакна Филипче.

Тој порача дека граѓаните не смеат да молчат пред ароганцијата на власта и игнорантскиот однос кон нивните реални потреби.

„Да дигнеме глас дека нема да молчиме пред неправдите, пред ароганцијата и пред игнорирањето на потребите на луѓето. Ние не смееме да оставиме самоволие на неколкумина да биде државна политика. Ние не можеме да дозволиме државата да стане алатка за лични интереси“, рече Филипче.

Во своето обраќање, Филипче остро ја критикуваше владата на ВМРО-ДПМНЕ, укажувајќи дека тие ниту имаат капацитет, ниту желба да помогнат на граѓаните.

„ВМРО-ДПМНЕ докажа дека не знае да работи, дека немаат ниту капацитет ниту пак желба да им помогнат на луѓето да живеат подобро. Нема ни храброст и чувство за државност да решаваат проблеми. Но докажаа дека сакаат и знаат само да се одмаздуваат да владеат со терор и да шиканираат“, рече тој.

Филипче посочи дека сè што е создадено со борбата на генерации не смее да биде уништено од интересите на мала група поединци.

„АСНОМ не ја создаде оваа држава за некој да ја приватизира и да ја руши. Да ги руши стратешките позиции и цели кои ги зацртавме и кои се во интерес за сите граѓани. Ако сега не излеземе да се бориме, на секој ќе му биде уште потешко“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нашите деца да јадат корења, а нивните да патуваат со бугарски пасоши

А1он

Помислив дека е нешто од рубриката „верувале или не“, вели премиерот за антикорупцискиот закон на СДСМ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски нема капацитет да води држава

Катерина Ѓуровски

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски