Шукова: БРТ системот ќе го подобри транспортот и во Општина Бутел, планираме воведување на две клучни линии

Од:

БРТ системот ќе го подобри транспортот и во Општина Бутел. Зборувавме овие денови за БРТ линијата-има две линии, а Бутел ќе биде опфатен со линијата Север-Исток, изјави денеска кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ и Коалицијата, Каја Шукова.

Според неа, тоа е второто решение за коешто ќе се прави најоптималната варијанта и конечно Бутел да биде опфатен со една линија којашто ќе ги поврзува двата делови на градот, меѓутоа и со автобуски линии ќе го поврзува Бутел со централната линија.

Оливера Ливрниќ, кандидатка за градоначалничка на Бутел од СДСМ и Коалицијата, порача дека граѓаните на Бутел и цело Скопје не се бројки, туку тие се партнери и нивна сила.

-Заедно со град Скопје планираме воведување на две клучни линии за Бутел. Со едната сакаме да го поврзиме Радишани преку Визбегово со Карпош, а со втората Радишани преку Железара со Аеродром. Бутел мора да има ред, чистота, зелени површини и услуги достапни за сите граѓани, рече Ливрниќ.

На новинарско прашање каков е планот на Шукова за „Мал ринг“, дали го замислува без сообраќај и како тоа планира да го изведе, кандидатката за градоначалник одговори дека решението за „Мал ринг“ е без сообраќај и со тоа ќе се овозможи повеќе простор на пешаците и на велосипедистите, односно има делови од градот каде треба да се обезбеди повеќе простор, особено во централното градско подрачје има голем сообраќаен метеж, кој не им дозволува слободно движење на пешаците и велосипедистите.

На дополнително новинарско прашање дека велосипедските патеки се претворени во паркиралишта и не се поставени по сите стандарди и како Шукова планира да го реши тој проблем, таа одговори дека е разговарано со повеќе експерти од оваа област.

-Голем дел од просторите се узурпирани и тоа мора конечно да се реши. Постојат закони, постојат казни и мислам дека треба да почат да се спроведуваат. Впрочем и граѓаните треба да се малку повеќе свесни каде што има место за паркинг таму го паркирате вашето возило, а пешачките ленти и лентите за велосипедисти треба да бидат за нив, рече Шукова.

На новинарско прашање за коментар дека Орце Ѓорѓиевски, противкандидатот на Шукова од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, изјавил дека доколку стане градоначалник на Скопје, ќе ја постави Шукова за директорка на комуналното претптријатие, таа одговори дека во ситуација на недостак на визија и план за градот Скопје, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ се обидувал да биде „вицкаст“.

-Мислам дека граѓаните многу добро тоа го гледат, на граѓаните им треба некој кој што има визија. Еве, гледаме прво и БРТ решението не беше соодветно, па сега велат дека го разгледуваат, ветуваа дека на „Вардариште“ ќе има парк и така натаму. На граѓаните, на сите ни е јасно, план и визија тоа е она што му е потребно на Скопје. Не му треба воз покрај кејот на реката Вардар, не му треба парк на „Вардариште“. Најверојатно ќе продолжи да биде „вицкаст“ во недостиг на добри идеи и визија за Скопје, рече кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ и Коалицијата, Каја Шукова.

На дополнително прашање доколку навистина се случи тоа дали таа би прифатила таква понуда, Шукова одговори дека не размислувала на таа тема, бидејќи сега има друга работна задача – тука е за да победи, да им даде на граѓаните можност да имаат убаво, современо и чисто Скопје.

Би можело да ве интересира

Костовски: Општина Бутел ја распиша тендерската постапка за изградба на нова поликлиника

(ВИДЕО) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува да раководи со Аеродром, општина која треба да биде средена, урбана и пристојна

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шукова од Кисела Вода: Топ 20 проекти за Скопје да стане град за достоинствен и здрав живот

БРТ-систем, нови мостови, дигитализација на ЈСП и „Зона 30“ – клучните проекти од сообраќајната визија на Шукова

(ВИДЕО) Шукова: За 15 месеци, 15 нови паркови во Скопје, но и целосна ревитализација на постојните зелени површини

Шукова: Вардариште од дива депонија ќе стане модерен центар за управување со отпад