(ВИДЕО) Филипче: Ние не водиме црна кампања туку ја кажуваме црната вистина која е резултат на политиките на Мицкоски

Од:

Претседателот на СДСМ Венко Филипче кој беше на работна посета на пазарот во Куманово на новинарско прашање дека партијата водела црна кампања за локалните избори, одговори дека СДСМ не е таа која води црна кампања, туку обвинувањата стигнуваат лично од премиерот кој постојано зборува за Дубаи, станови авиони итн.

„Не знам каде ја гледа и во што ја гледа премиерот црната кампања , а еве он посегнува го слушам вчера повторно тие нивни напади и констукции измислени приказни. Ок, јасно е човекот нема што да каже, нема ниту едно исполнето ветување. Нема ниту еден проект со којшто може да се пофали и посегнува по тоа. Ние не водиме црна кампања ние ја кажуваме црната вистина во државата којашто дојде како резултат на неговите политики. Ете тоа ние го правиме во овој момент“, рече Филипче.

Инаку тој денеска го посети пазарот во Куманово каде на граѓаните им порача дека пазарот нема да се продаде затоа што во програмата на кандидатот Мартин Костовски има детален и целосен план како овој пазар ќе се реконструира и во кој е предвиден подземен паркинг.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

(ВИДЕО) Филипче од Босилово: Земјоделците трпат огромни загуби, откупните цени паднаа за 30%