ЕДС – Прв снабдувач со активирани сертификати за зелена енергија за клиентите

Од:

ЕДС ја испиша новата енергетска историја на домашниот пазар за снабдување со електрична енергија – стана првата компанија која официјално активираше сертификати за потекло на зелена енергија во име на своите клиенти.

Овие сертификати, издадени од пазарниот оператор МЕМО, се единствениот официјален доказ дека потрошената електрична енергија е произведена од обновливи извори – хидро и соларни електрани. Со нив, компаниите добиваат транспарентна и проверлива гаранција за одржливото работење и можат да ги вклучат количините на чиста енергија во своите ESG извештаи и стратегии за одржливост.

За клиентите, ова значи многу повеќе од сертификат на хартија – тоа е влезница во европските и глобалните стандарди за одржливост, подобрување на корпоративниот имиџ и јасна конкурентска предност на пазарот.

„Во септември 2025, ЕДС стана првата компанија во Северна Македонија која изврши активирање (нивно укинување) на овие сертификати во име на краен корисник. Со ова, крајниот корисник може полноважно во своето ESG известување да ги објави количините чиста енергија. Гаранција за потекло е електронски документ (пазарен инструмент) кој докажува дека определена количина од потрошената енергија е произведена од обновливи извори на енергија. Секоја издадена гаранција за потекло е со стандардна големина од 1 MWh електрична енергија произведена од обновливи извори. За ЕДС снабдувањето со електрична енергија не е само услуга – тоа е ветување. Со активирањето на првите сертификати за зелена енергија ја потврдуваме нашата улога како сигурен и иновативен партнер кој им помага на компаниите да растат одржливо и транспарентно,“ велат од ЕДС.

Со своето портфолио кое вклучува електрична енергија од хидро и соларни извори, ЕДС им овозможува на клиентите да изберат снабдување со зелена енергија заедно со гаранции за потекло или пак да набават сертификати независно од снабдувањето. На тој начин, секоја компанија може да покаже дека навистина стои зад своите еколошки цели – со доказ за типот и локацијата на електраната од која потекнува енергијата.

Со ЕДС, зелениот избор станува реалност.
ЕДС, кој е дел од најголемата енергетска компанија во Југоисточна Европа, ППЦ Групацијата, е снабдувач со електрична енергија кој што веќе 13 години работи на пазарот обезбедувајќи сигурно снабдување со струја за повеќе од 1.900 компании во земјава. Во својата понуда има флексибилни тарифни модели кои им овозможуваат избор на компаниите согласно нивните потреби за потрошувачка на електрична енергија.

Би можело да ве интересира

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 26.09.2025 изнесува 100,09 евра за мегават час, на МЕМО 93,80 евра за мегават час

ЕДС со нови деловни простории и планови за регионално проширување

Горан Наумовски

ЕДС со нов деловен простор – симбол на нов почеток и раст во рамки на PPC групацијата

А1он

Средба меѓу ЕДС, PPC и Регулаторната комисија за енергетика: Зајакната доверба и визија за стабилен енергетски пазар

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 19.09.2025 изнесува 96,40 евра за мегават час, на МЕМО 81,09 евра за мегават час

Катерина Ѓуровски

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 12.09.2025 изнесува 112,53 евра за мегават час, на МЕМО 102,62 евра за мегават час

А1он