ВМРО-ДПМНЕ: Се разоткрија вистинските лица на политичката сцена, на едно место се собраа најголемите криминални интереси

Од:

На овие избори се разоткрија вистинските лица на политичката сцена. На едно место се собраа и се обединија структури за најголемите криминални интереси и политички профити, се здружија само поради една цел, да ги заштитат личните бизниси, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Првата коалиција на терен е Левица и ДУИ кои се претставуваа како антагонисти за сега во Струга и Тетово да ги гледаме рака под рака Али Ахмети и Димитар Апасиев. Се со цел да го спасат ДУИ од пораз во прв круг во овие два града.

Апасиев и Левица истите кои беа поддржувачи на СЈО за дебели хонарари сега на овие избори повторно се продаваат за позиции, фотелји и многу кеш. Тоа е политиката на пазар и мито која Левица се обидува да ја прекрие позади маската на идеологијата.

Втората коалиција се Стевчо Јакимовски, човек на црната листа на САД кој се здружи со Венко Филипче под директива на Зоран Заев. Карпош за нив е претворен во пазар на политички зделки а кандидатот на СДС е само декор, нема ниту кампања, ниту поддршка а нема ниту шанса на овие избори.

Триото Заев, Филипче и Јакимовски нема идеологија, само профит и проценти. Триото Заев, Филипче и Јакимовски ги спојува криминалот, градежната мафија и тендерите. За ова трио, Заев, Филипче и Јакимовски општина Карпош е само каса од која ќе се финансираат нови коруптивни шеми за луѓето околу нив. Двете коалиции, Левица со ДУИ и СДС со црнолисташот Јакимовски се прочитани и ќе бидат дебело поразени на овие избори. Народот ги препознава игрите зад кулисите на овие политички актери како Заев, Филипче, Ахмети и Апасиев и ќе ги испрати во политичка пензија“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Кавадарци: Националниот идентитет не е предмет на преговори

А1он

ВМРО-ДПМНЕ на конгрес во Кавадарци, се очекува реизбор на Христијан Мицкоски

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалците од СДС се подготвени да измислат колонизација на марсовци во Македонија само за да создадат паника кај народот

ВМРО-ДПМНЕ утре на 18. Конгрес ќе ја донесе новата „Стратегија за Македонија 2030“

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Доколку СДС смета дека има поголема доверба од народот, нека поднесат барање за предвремени избори

Горан Наумовски

Стојаноски: Ние практично сме први кои што сакаат да се расчистат немилите случаи и трагедии

А1он