Генерален штрајк во Грција, делумно суспендиран транспортот

Од:

Грција денес е во 24-часовен генерален штрајк, објавен од двете најголеми синдикални конфедерации, GSEE и ADEDY, во знак на протест против новиот закон за работни односи.

Вработените во јавниот сектор, образованието и транспортот, како и таксистите, учествуваат во штрајкот, објави „Катимерини“.

Метрото и трамвајот во Атина ќе работат ограничено од 9 до 17 часот, додека автобусите и тролејбусите ќе работат со прекини.

Железничкиот и приградскиот сообраќај се целосно прекинати, додека летовите не се засегнати откако судот пресуди дека учеството на контролорите на летање во штрајкот е нелегално.

Централни протестни собири ќе се одржат во Атина, на плоштадот Клафтмонос, во 11 часот, како и во други поголеми градови низ земјата.

Синдикатите бараат повлекување на предлогот за продолжување на работниот ден, враќање на 13-тата и 14-тата плата, колективни договори и намалување на работната недела на 35 часа.

Би можело да ве интересира

За смртта на грчкиот пејач Мазонакис двајца лекари обвинети за убиство со евентуална умисла

А1он

Затвореник избега од болница во Грција

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Грција: Загинаа двајцата пилоти на воениот авион што се урна за време на аеромитингот

(ВИДЕО) Се урна грчки воен авион, засега нема информации за евентуални жртви

Протест на македонските транспортери: „Вака повеќе не може“, бараат решение од ЕУ

Горан Наумовски