Филипче: Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ е како реприза на лош стар филм

Од:

„Година и пол ВМРО-ДПМНЕ нема со што да се пофали, нема нови мерки, нема развојни политики и затоа ја почнаа старата проверена приказна со напади кон ДУИ. Јас ова го нарекувам стратегијата на политичките кукавици“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва во Пробиштип.

„Национализмот и нападите со ДУИ им останаа како единствено оружје да ги оттргнат луѓето од реалните проблеми. Да заборават дека немаат доволно пари, дека цените растат, дека државата стои во место“, додаде Филипче.

Претседателот на СДСМ порача дека триковите на ВМРО-ДПМНЕ се одамна прочитани од граѓаните.

„Господа од ВМРО-ДПМНЕ, дали мислите дека можете повторно со истите трикови да ги излажете граѓаните? Не можете, затоа што сте прочитани како буквар, како стара истрошена книга која сите ја знаат. Вашето владеење е реприза на стар филм кој луѓето го знаат на памет. Секој следен чекор е толку предвидлив, секоја манипулација веќе видена. Секоја лага веќе 100 пати кажана“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

По прес-конференцијата на Филипче: „Во паника е дека се одмотува клопчето, сите се криминалци, само тој е чесен“

Филипче: Ја погребаа партијата, нека ми се тргнат од патот, нека не ми држат лекции

Мицевски: Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот