СДС и човечност се два различни поими. Дојдоа на власт со собирање на политички поени на сметка на трагедии, на сметка на семејствата кои жалеа и имаа надеж дека СДС ќе ги реши нивните случаи, дека СДС ќе им донесе правда, дека СДС ќе им ја обелодени вистината, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ништо од тоа не се случи, семејствата на загинатите, повредените, беа заборавени, не добија правда, не добија одговори, не добија надеж. СДС си играше со човечките судбини за да дојде и опстане на власт.
Нема да дозволиме играње со човечки судбини за дневни политички цели. ВМРО-ДПМНЕ не е ни судија, ни обвинител, ни инспектор, ниту пак е орган кој може истото да го направи. Повторно потсетуваме и нема да се повторуваме. Секој којшто директно или индиректно има удел за настанатиот пожар во Кочани, а за тоа има докази, треба да одговара. И стоиме зад ова. Без разлика на етничка, партиска или национална припадност“, тврдат од партијата.