(ВИДЕО) Стојкоски: Ѓорче доби осум нови спортски терени

Од:

Во изминатиот мандат покажавме и докажавме дека кога се сака, кога се има визија и се работи, може да се даде сериозна поддршка на спортот, на спортските работници, на индивидуалните спортисти, на колективните клубови, може да се инвестира во инфраструктурата што значи современи услови за развој на спортот во сите дисциплини, изјави Александар Стојкоски, градоначалник на Ѓорче Петров.

„Успеавме да изградиме осум нови спортски терени, дел на вештачка трева, и дел на најсовремена тартан подлога, а во моментот градиме уште два – едниот на Полјана во Хром и вториот на ул.„Шидска“. Во новата програма се обврзуваме на дополнителни работи во делот на спортската инфраструктура, изградба на три нови современи спортски комплекси – во Стопански Двор, во Волково-Пржина и во месноста викана Полјана во Кучково каде што Ѓорче Петров ќе ја добие и првата арена на спортовите. Дополнително, се обврзуваме да инвестираме во изградба на нова спортска сала за учениците од ООУ „Јоаким Крчоски“-подрачното во с.Никиштане, да извршиме реконструкција и да прераснат во спортски центри дворовите на ООУ „Тихомир Милошевски“, и ООУ „Ѓорче Петров“.

Ќе поддржиме и ќе ја зголемиме поддршката за индивидуалните спортисти и за колективните спортови. Свесни сме и работиме на тоа да во Ѓорче Петров секој еден има услови да се развива и да се гради низ спортот. Ќе продолжиме со поддршка на општинскиот училишен спорт и на лигите, ќе продолжиме со поддршка на традиционалните турнири во Ѓорче Петров. Спортот е здравје, спортот е начин на живеење, спортот е она што е иднината за секое наше дете овдека во Ѓорче Петров. Направете го вистинскиот избор, истакна Стојкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Андоновска: Со одобрување на Заев, Филипче и Николовски се празнеле и препродавале стоковите резерви на црните пазари

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството во Македонија со 2% доверба од граѓаните, а судии и обвинители бараат двојно повисоки плати

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт, таа е активен чинител на неправдата без кредибилитет

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е човек со дамки и лузни, нека не глуми чесен

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот со „Пулс“