ВМРО-ДПМНЕ: Ако нашето судство и обвинителство не беше во скутот на Заев и Ахмети, Филипче до сега ќе беше зад решетки

Од:

Долгогодишните коалициски партнери СДС и ДУИ, додека заедно владееја судовите ги наполнија со свои луѓе од доверба. И овие луѓе избрани во штабовите во Струмица и Зајас во судството го спасија Венко Филипче од одговорност за пожарот во модуларната болница. Филипче како министер за здравство ја потпишал спецификацијата за модуларната болница во Тетово и тој е директно одговорен за смртта на 14 луѓе.

Затоа што правеше анекси на договори за да ќари 20% повеќе пари, живи изгореа 14 луѓе во модуларната болница во Тетово, а за тоа не беше повикан ни на разговор во обвинителството. Ако нашето судство и обвинителство не беше во скутот на Заев и Ахмети, Филипче до сега ќе беше зад решетки, всушност како во секоја држава со независни судско обвинителски органи. Но, сепак, ние сме во Македонија, каде што судиите со 2% доверба од граѓаните мораа да ги оправдаат нивните назначувања и да го спасат од одговорност Филипче.

За да не лежи и кривично одговара Венко Филипче, лежат странични ликови во здравството, како тогашните директори на болницата Етеми и Бесими. Но, и тие, исто така, не смееше да бидат осудени со реални казни, за да не пропеат и го издадат нивниот шеф, па добија по само година и пол затвор. Судиите и обвинителите заробени во канџите на Заев и Ахмети, за пожар во болница каде што живи горат 14 луѓе, доделија вкупно 3 години затвор на директорите, а за Филипче станаа неми, слепи и глуви.

Релацијата на одредени судии и обвинители кои сè уште работат по насока на СДС и ДУИ, ги оставија криминалците по улиците, а народот без правда. Со овие судии и обвинители не може да се очекува независно судство и обвинителство. Потребни се итни реформи за конечно во државата да дојде вистинска правда и одговорност. Затоа време е да се направи Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!

Би можело да ве интересира

Филипче: Со Мицкоски нема реформи, Македонија тапка во место кон ЕУ

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, Обвинителство веднаш да го истражи случајот

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски