Левица: ОБСЕ ја истражува цензурата врз партијата

Од:

Адвокатката Катерина Јовановска – како претставник на правниот тим на Левица, оствари средба со Радивоје Грујич – правен аналитичар во ОБСЕ-ОДИХР, информираат ос партијата.

– На средбата се дискутираше за правните механизми кои Левица како политичка партија досега ги превзема во врска со контроверзното Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025 година донесено од ААВМУ, со кое ПП Левица е директно оштетена на начин што и е ЗАБРАНЕТО политички да се рекламира на медиумите во текот на целата кампања, како и за правните чекори кои Левица ќе ги превземе во иднина со цел заштита на своето уставно право на политичко организирање и дејствување.

Средбата беше многу конструктивна и двете страни изразија желба за понатамошна соработка со цел навремено информирање во однос на исходот од судските постапки, како и постапките кои што се водат пред другите надлежни институции во Република Македонија и евентуално пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, се вели во соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Во изминатите три децении и СДСМ и ДПМНЕ постепено ја испразнија и обезличија асномската идеја

А1он

Левица: Бид Бук не е дозвола за набавка без тендери туку проектна апликација – Мицкоски ја манипулира јавноста за „Скопје 2028“

(ВИДЕО) Станкоска: Хаосот со исплатата на породилните надоместоци продолжува

Горан Наумовски

Левица обвинува: Наместо одговорност, Клековски добил унапредување по ревизорските забелешки

Горан Наумовски

Левица: Унапредувањето на Фетаи е навреда за секој што чесно работи

Левица: Обвинетиот Марковски ја напушти државата со амин од правосудството