Андоновска: Луѓето на СДС и ДУИ во судството го спасија Филипче од одговорност за пожарот во модуларната болница, со тие кадри нема независно судство

Од:

Луѓето на СДС и ДУИ во судството го спасија Филипче од одговорност за пожарот во модуларната болница, со тие кадри нема независно судство.

Венко Филипче како министер за здравство кој ја потпишал спецификацијата за модуларната болница во Тетово е директно одговорен за смртта на 14 луѓе.

14 луѓе живи изгореа во модуларната болница, а затоа што правеше анекси на договори за 20% повеќе пари, не беше повикан на разговор во обвинителството.

Во секоја држава со нормално судство и обвинителство кое не е во скутот на Заев и Ахмети, Венко Филипче сега ќе беше зад решетки. Но судиите со 2% доверба мораа да ги оправдаат нивните назначувања и да го аболираа Филипче од одговорност.

За да не лежи Венко Филипче, лежат периферни ликови во здравството од тоа време како Етеми и Бесими, директори на Тетовската болница, кои исто така не смееше да бидат осудени со реални казни, за да не пропеат очигледно за нивниот шеф, па добија по неверојатни 1,5 година затвор.

За пожар во болница каде што живи горат 14 луѓе, судиите и обвинителите доделија вкупно 3 години затвор на директорите, а за Филипче замижаа очи, затнаа уши и затворија усти.

Релацијата на одредени судии и обвинители кои сѐ уште работат по насока на СДС и ДУИ, ги оставија криминалците по улиците, а народот без правда.

Потребни се итни реформи во судството и конечно, вистинска правда и одговорност.

Би можело да ве интересира

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Филипче тврди дека ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ договориле блокада на Собранието со цел предвремени избори

Предраг Петровиќ

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

Филипче: Повикувам на мобилизација, да со спречиме Мицкоски да ја жртвува водата и струјата за профити од дата-центри

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

ВИДЕО: Мицкоски има две третини во Собранието, не му треба СДСМ за предвремени избори, не влегуваме во таа игранка, порача Филипче

Катерина Ѓуровски