Скринингот што го побара СДСМ, по пожарот во Трубарево, уште еднаш потврди дека Владата на ВМРО ДПМНЕ лажеше дека воздухот не е загаден. Анализите потврдија – 18 граѓани биле изложени на штетни материи со реални здравствени последици, токму од високото ниво на загаденост на воздухот. Ова е јавна здравствена катастрофа, велат од СДСМ.
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно лажеше и остави луѓе да се трујат. Уште колку луѓе треба да заболат за власта да признае дека погрешила? Оваа влада е директно одговорна за труењето на луѓе во Трубарево и околината. Лажеа дека воздухот само изгледал загаден, не било алармантно. Официјалните податоци што се објавија дури шест дена по пожарот покажува речиси дванаесеткратно надминување на кадмиумот (59,1 ng/m³ наспроти дозволени 5), зголемени вредности на арсен и олово.
Наместо навремена реакција, превенција и грижа за здравјето на граѓаните, власта избра да лаже и минимизира, да се обидуваат да ја покријат штетата со ПР-паравани, со некакви хибридни напади.
Вистината излезе на виделина – има заболени луѓе, има жртви на негрижата и непостапувањето на Владата на ВМРО ДПМНЕ. СДСМ со недели предупредуваше дека е потребна итна акција, скрининг и евакуација. ВМРО-ДПМНЕ не само што не ги заштитија граѓаните, ги доведоа во опасност, го загрозија нивното здравје. И за тоа мора да има одговорност. СДСМ бара итна политичка и институционална одговорност од сите надлежни што не постапија навреме – министерот за здравство, министерот за внатрешни работи, директорот на ЦУК, велат од партијата.