Денеска на ул. „Сливовска“ во Скопје полициски службеници го уапсија М.Н. (24) од Скопје.
Тој е осомничен дека физички и со метална цевка нападнал полициски службеник кој вршел службени дејства.
По документирање на случајот, против М.Н. ќе биде поднесен соодветен поднесок.