Вчера вечер во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово се отвори МТФ Денови на комедија 2025 година.

Од:

28 издание на Фестивалот го отвори Театарот од Велес со претставата „Госпоѓа министерка“ На отворањето на Фестивалот беше доделена и наградата Васил Иљоски на актерката Весна Петрушевска за особен придонес во театарската уметност особено во делот на комедијата по претходна донесена одлука од Советот на фестивалот во состав на: Сања Русеска, Владанка Крстевски, Крсто Богојевски, Сефедин Шабани, Александар Крстевски и Сашо Тодоровски.

Љубителите на комедијата ќе имаат можност да проследат 11 претстави од Македонија, Србија и Бугарија кои годинава ќе се најдат на репертоарот. Следните денови публиката ќе може да ги види претставите од повеќе македонски театри и од театри од регионот. На програмата се и: Театар Битола со „Рибарски каранции“; МНТ – Скопје со „Бог на колежот“; Театар Комедија – Скопје со „Долна дупка“; Театар Струмица со „Петок 13“; Театарот од Прешево, Србија, со претставата „Едно предавање“; театрите од Крагуевац со претставата „На трагот“; Театар Пирот од Србија со претставата „Покондирена тиква“; Сатиричен театар Софија со „Постојаната сопруга“.

Како и секоја година, Театар Куманово ќе го затвори фестивалот, овој пат со претставата „Разбуди се Тина“ во режија на Драгана Таневска, која премиерно ќе биде одиграна на 9 октомври, но и ден потоа, 10 октомври, при доделувањето на фестивалските награди. За огромниот интерес на фестивалот говори и фактот што само првиот ден откако билетите беа пуштени во продажба, имаше огромни редици пред Центарот за култура, во само првите два дена се продадоа скоро сите билети. Овој фестивал, се одржува под покровителство на Општина Куманово и Министерството за култура и туризам на РСМ.

Годинешново мото на Фестивалот е Сите се смееме на ист јазик.

Очекуваме дека овој Фестивал ќе биде успешен како секоја година така и оваа, и сигурни сме дека публиката ќе биде задоволна од изборот на претставите.

Би можело да ве интересира

Закон за пушење vs Закон за игри на среќа

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари

Онлајнмедиа со осуда за прес конференцијата на СДСМ: Партијата не смее да дискредитира медиуми

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Ѓорѓиевски: Воведуваме ред, безбедност и модерен сообраќај – градот Скопје ќе има клучна улога во Сејф Сити системот

Сведоштва за пожарот и последиците во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари