Израелските сили, предводени од тенкови, навлегоа подлабоко во станбените области во Појасот Газа, при што голем број цивили не можеа да избегаат, објави денес Ројтерс.
Во предградието Тел Ал-Хава, тенковите влегоа во станбени области, заробувајќи ги луѓето во нивните домови, додека повеќе тенкови беа стационирани во близина на болницата Ал-Кудс.
Палестинското друштво Црвена полумесечина соопшти дека е оштетена кислородна станица. Тенковите, исто така, се приближија до најголемата болница во Газа, Ал-Шифа, соопштија очевидци и медиумите на Хамас.
Во понеделник, палестинските власти соопштија дека гранатирањето со тенкови ја оштетило болницата Рантиси и ја загрозило блиската очна болница Ал-Насер, принудувајќи ја да се затвори.
Јордан, кој управува со трета болница во областа, соопшти дека ја преместил подалеку на југ поради повторените бомбардирања.