Во годината на јубилејот, НЛБ Банка со нова веб страница: Интуитивна структура, прегледна и разбирлива содржина, и лесна навигација

Од:

Следејќи ја својата стратегија за дигитализација и подобрено клиентско искуство во сите сегменти од своето работење, во годината на одбележување на 40 годишнината од своето основање, НЛБ Банка лансираше и нова веб страница, достапна на линкот www.nlb.mk. Новата веб страница е многу повеќе од визуелно освежување, таа е уште еден исчекор во дигиталната трансформација, унапредедена алатка за модернизација на начинот со кој клиентите ги пребаруваат и користат услугите на Банката.

Новата веб-страницата има интуитивна структура, прегледна содржина, разбирливи информации и лесна навигација, што им овозможува на посетителите на страната унапредено искуство при пребарување на потребните услуги и продукти.

Дополнително, ново-лансираната веб страница има јасно истакнати опции за директен контакт со Банката, како и напредни локатори кои им помагаат на клиентите брзо да го пронајдат најблискиот банкомат и/или експозитура.

Воедно, подобрени се и калкулаторите за кредитните продукти кои ги нуди Банката, што ќе им овозможи на клиентите полесно носење на важните финансиски одлуки, од удобноста на својот дом или од кое било место и во секое време.

Новата веб страница не е само технолошки проект. Таа претставува суштинска алатка на модерна, иновативна и клиентски ориентирана банка.

НЛБ Банка ќе продолжи да ја унапредува својата веб страница, сè со цел, да им обезбеди на посетителите пристап до секоја важна банкарска содржина.

Би можело да ве интересира

Промотивно со НЛБ Visa кредитните картички, 5,9% фиксна каматна стапка

НЛБ Банка Скопје одбележува 40 години постоење – Потврда за посветеност, стабилност, иновации и раст

Ограбувачот на НЛБ успеал да украде над 8 илјади евра

А1он

Во грабежот во НЛБ Банка во Сарај украдени 115 илјади евра

Татјана Ташкова

Вооружен грабеж во НЛБ Банка во Сарај

Ана Ололовска

Запрена истрагата за НЛБ за перење пари

Ана Ололовска