Серена Вилијамс во голем стил го освои златниот медал на ЛОИ во Лондон со уверливата победа од 6-0, 6-1 над Русинската Марија Шарапова.
Американката на патот до финалето ги преслуша и Вознијацки и Азаренка, а во текот на целиот турни загуби само 17 гемови.
Бронзениот медал и припадна на Белорусинката Викторија Азаренка. Таа во малото финале со 6-3, 6-4 ја совлада Русинката Марија Кириленко.