Британскиот крал Чарлс III ја посети најстарата личност во светот, 116-годишната Британка Етел Катерхам, на нејзиниот роденден, кој го прослави со своето семејство во август, но таа рече дека ќе го одбележи овој настан ако кралот ја посети. Тој го стори тоа откако го испрати американскиот претседател Доналд Трамп, посетувајќи ја во дом за стари лица во Лајтвотер, објави Скај њуз.
– Се сеќавам кога твојата мајка те круниса во замокот Карнарвон. Сите девојки беа заљубени во тебе и сакаа да се омажат за тебе, му рече Катерхам на кралот Чарлс за време на неговата посета, потсетувајќи се на настан од пред повеќе од 50 години.