Вучиќ: Должни сме да го заштитиме тешко стекнатиот мир и слобода обединети под знамето

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека жртвата на оние кои ги дадоа своите животи за слободата и кои учествуваа во пробивот на Солунскиот фронт не беше залудна, туку претставува темел на Србија и додаде дека се должни да го заштитaт мирот и слободата што се стекнати обединети под знамето.

Обраќајќи им се на добитниците на одликувањата што им ги додели по повод Денот на српското единство, слобода и национално знаме, Вучиќ рече дека овие одликувања претставуваат и признание за нивната лична храброст, труд и жртва, како и за нивната работа за зајакнување на српската држава и српскиот народ.

„Со вашите дела покажавте како изгледа вистинската служба на татковината и како личниот пример се претвора во колективна сила. На денот кога го одбележуваме пробивот на Солунскиот фронт, кога се сеќаваме на сите оние кои ги дадоа своите животи за слободата, имаме должност да кажеме дека нивната жртва не беше залудна. Тоа беше темелот врз кој почива нашето сигурно место, Србија. Нека вашето одликување биде поттик за младите да го следат вашиот пример и потсетник за сите нас дека само обединети можеме да продолжиме напред“, нагласи Вучиќ.

Потсетувајќи се на зборовите на писателот и политичар Петар Кочиќ, кој рече дека татковината е врската што нè поврзува со луѓето од нашата раса, нашиот јазик, без разлика дали припаѓаат на минатото или иднината, или живеат во сегашноста, Вучиќ изјави дека секој од нас ја носи оваа врска во себе.

„Да живее националното единство, слава на нашето знаме, да живее Република Српска, да живее Србија“, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик за љубовта што ја покажува кон Србија

Горан Наумовски

Вучиќ откри: Делови од полицијата беа подготвени да учествуваат во обоената револуција – ги насочија цевките кон „Чациленд“

Вучиќ: Собирите против блокадите стануваат сè побројни, нервозата кај блокадерите се зголемува

Горан Наумовски

Вучиќ му се заблагодари на Путин за почитувањето и поддршката за територијалниот интегритет на Србија

Вучиќ оди за Кина, ќе има средба и со Путин-тема Република Српска

Вучиќ: Сѐ уште важи мојата понуда за дијалог со блокадерите