Зеленски: Тројца убиени во руски масовен напад врз Украина

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија изврши голем напад врз Украина, лансирајќи околу 580 дронови и 40 ракети, во кој биле убиени три лица.

Според информациите што ги сподели Зеленски преку апликацијата Телеграм, Русија нападнала украинска инфраструктура, компании за цивилно производство и станбени области во различни региони на Украина, објави Ројтерс.

„Секој таков напад не е воена неопходност, туку намерна стратегија на Русија за тероризирање на цивилите и уништување на нашата инфраструктура“, рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса

Русија и Украина договорија голема размена на воени заробеници

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир

Русија: Нема да се согласиме на примирје, без да знаеме што следи потоа