ВИДЕО: Британија го пречека Трамп со негови слики со Епштајн на замокот Виндзор

Од:

Четири лица се уапсени откако слики од принцот Ендру, Доналд Трамп и осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн беа проектирани на замокот Виндзор, каде што кралот Чарлс ќе го угости американскиот претседател за време на неговата државна посета на Велика Британија.

Трамп пристигна во Велика Британија доцна синоќа и денеска ќе биде пречекан од кралот Чарлс во замокот Виндзор, околу 40 километри западно од Лондон.

Ова ќе биде негова втора посета на Велика Британија. Неговата прва државна посета, за време на која беше примен од покојната кралица Елизабета Втора во Бакингемската палата, датира од 2019 година.

Демонстрантите развија огромен транспарент со фотографија од Трамп и Епштајн во близина на замокот Виндзор, а подоцна проектираа неколку слики од двајцата, како и од принцот Ендру, на една од кулите на замокот.

Полицијата во соопштението соопшти дека четири лица се уапсени под сомнение за злонамерна комуникација по „неовластено проектирање“.

„Нашите службеници дејствуваа брзо за да го спречат проектирањето и четири лица беа уапсени. Спроведуваме темелна истрага со нашите партнери за околностите на овој инцидент и ќе дадеме дополнителни информации кога ќе можеме да го сториме тоа“, соопшти полицијата.

„Секоја неовластена активност околу замокот Виндзор ја сфаќаме исклучително сериозно“, додаде главната началничка на замокот, Фелисити Паркер.

Трамп се соочува со растечки прашања за неговата врска со покојниот милијардер и осуден сексуален престапник Епштајн.

Трамп беше пријател со Епштајн пред да стане претседател, но се скара со поранешниот финансиер со години пред неговата смрт во затвор во 2019 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Побрзо да седне на преговарачка маса, порака од Трамп за Украина

Бонди: Сите објавени досиеја на Епштајн содржат повеќе од 300 познати имиња

ВИДЕО: Нуклеарен договор во замена за укинување на санкции, Иран им одговори на САД

ВИДЕО: Договор или многу трауматични последици – Трамп му дава на Иран еден месец

Катерина Ѓуровски

Трамп го испофали Орбан: Силен и моќен лидер

Трамп го испраќа најголемиот носач на авиони во светот на Блискиот Исток

Катерина Ѓуровски