Два дена облачно и ветровито, потоа сончево и температури во пораст

Од:

Времето денеска е променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер, над 60 километри на час. Кон крајот на денот облачност ќе се намали, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Кон крајот на денот облачност ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Според УХМР, во четврток времето ќе биде посвежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, локално над 60 километри на час. Во деновите потоа ќе преовладува сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.

Би можело да ве интересира

Сончево и топло време со температура до 35 степени

А1он

Сончево и топло време со температура до 33 степени Целзиусови

А1он

Топло со високи температури и следната седмица

Топло и денеска и следната недела

Викендов до 36 степени, топло и следната недела

Викендов топло, со најава за невреме попладне

Катерина Ѓуровски