Кумановка е измамена за над 3,2 милиони денари за купување стан

Од:

Шеесет и едногодишна кумановка пријавила во полицијата дека била измамена за над 3,2 милиони денари за купување стан со гаража во кој требала да се всели пред пет години, но од извршител дознала дека доверител на станот е банка во стечај, соопшти денеска полицијата.

– Вчера во 11 часот во СВР Куманово, 61 – годишна жена од Куманово пријави дека била измамена за сума од 3.233.280 денари. Според пријавеното, преку посредник таа купила и исплатила стан со гаража во изградба од правно лице од Скопје, а рокот за изградба и примопредавање бил во септември 2020 година, соопшти полицијата. Според пријавеното, фирмата не го испочитувала рокот, а откако на почетокот на 2025 година добила известување од извршител дека доверител на купениот стан е банка во стечај, сфатила дека е измамена, соопшти полицијата.

СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Гостиварец остана без 89.000 денари – го измамија дека доби пакет од Пошта

А1он

Нова измама: Лажен лекар од жена зема 12.400 евра

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Скандал во РЕК Битола: Обвинети се директори и раководители за злоупотреби со јавни набавки

Лажен полицаец измами старица за 23.300 евра, со парите го фатија на граница

А1он

Нова измама со лажна несреќа, 82-годишна скопјанка остана без 170.000 денари