Ѓоковиќ: Ќе биде тажен ден за мене кога ќе го напуштам тенисот

Од:

Новак Ѓоковиќ не е толку добар оваа сезона, иако во еден момент играше многу добар тенис. Сепак, годините го стигнуваат, а следната може да биде неговата последна во врвниот тенис.

„Секогаш се обидував да размислувам за работи надвор од тенисот, особено во последните 12-15 години. Слушнав од тенисери и спортисти за борбите што ги имале ментално по завршувањето на кариерата, особено ако не се подготвиле за таа транзиција. Не мислам дека некој може целосно да се подготви за тоа. Да, ќе биде тажен ден за мене кога ќе го напуштам тенисот, ќе биде многу емотивно, го знам тоа, но она за што зборувам е адреналинот што го носи спортот – тој мора да се пренасочи, да се канализира поинаку“, вели Ѓоковиќ.

Тој го истакна тенисот како голем дел од неговиот живот, но откри и какви други интереси има.

„Го сакам спортот и ќе го играм цел живот, клучно е човек да биде активен. Од друга страна, потребен е предизвик. Тенисот е голем дел од мојот живот, но имам и широки интереси – благосостојбата е моја страст, здравиот живот, а тоа е широко поле. Хидратација, исхрана, вежбање, сон – би сакал светот да биде поздрав. Малите чекори во таа насока се вредни и имаат ефект. Дури и некои спортисти не ја разбираат важноста на хидратацијата. Не е само водата, туку минералите, разните додатоци итн. Најдобро е сè да се внесува преку храна, но не е сè можно“, рече Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ вели „љубопитен сум да пробам сè“.

„Веќе некое време носам дополнителен куфер со направи кои ми помагаат да бидам што е можно посвеж, што е можно подобро – инфрацрвена светлина, електромагнетни бранови, различни ленти, масла, светлосна терапија, вибрации… Сè, љубопитен сум да пробам сè што ми е забавно“, рече Ѓоковиќ.

Би можело да ве интересира

Мусети го предаде мечот, Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето

Ѓоковиќ обезбеди осминафинале на Австралија опен со рекордна 400 та победа на гренд слем турнирите

А1он

„Играм против Ѓоковиќ, загрижен сум“ – Холанѓанецот го победи Новак во претходниот натпревар

А1он

Новак Ѓоковиќ го победи Педро Мартинез за 100-та победа на Австралија Опен и се пласираше во второто коло

Ѓоковиќ пред АО: Го намалувам притисокот врз себе, не е „сега или никогаш“

А1он

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

А1он