Време е Урсула фон дер Лајен да се спакува и тивко да си оди дома, вели Орбан

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската Унија, под водство на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се движи кон бездна.

Според него, би било подобро фон дер Лајен да „се спакува, тивко да си оди дома и да им го остави Брисел на оние кои се способни да создадат подобри политики“.

„Неопходно е да се преиспитаат сите важни политики на ЕУ, бидејќи блокот се движи кон бездна под Урсула фон дер Лајен. Четири до пет главни политики треба да се укинат и заменат, што фон дер Лајен не е во можност да го направи“, рече Орбан во интервју дадено за време на работната посета на Абу Даби, објави МТИ.

Унгарскиот премиер, исто така, ја спомена зелената транзиција поврзана со високите цени на енергијата, политиката кон Украина, санкциите, трговската политика, во рамките на која беше постигнат „лош договор“ со САД, и миграциската политика како области што „мора да се преиспитаат“.

Орбан рече дека Унгарците двапати биле турнати во војна со ужасни последици за земјата, додавајќи дека политичари како фон дер Лајен ги вовлекле во неа.

Би можело да ве интересира

Црното Море стана нов фронт на војната: Радев ја повика руската амбасадорка, рекции на ЕУ и НАТО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Урсула Фон дер Лајен во Скопје

Фон дер Лајен: Пресудата од Хаг мора да се почитува, никој не може да ја прекројува историјата на Косово

А1он

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје

Катерина Ѓуровски