Рубио: Пресудата на Болсонаро е лов на вештерки, ние соодветно ќе одговориме

Од:

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека САД „соодветно ќе одговорат на овој лов на вештерки“ откако мнозинството судии од Врховниот суд на Бразил ја потврдија пресудата на поранешниот претседател Жаир Болсонаро за обид за државен удар по изборите во 2022 година.

„Политичкиот прогон од страна на санкционираниот кршител на човековите права Александар де Мораес продолжува, додека тој и другите членови на Врховниот суд на Бразил неправедно донесуваат одлуки за затворање на поранешниот претседател Болсонаро. САД соодветно ќе одговорат на овој лов на вештерки“, напиша Рубио на платформата X.

Петчлениот панел на Врховниот суд на Бразил формираше мнозинство во четврток за да го осуди поранешниот претседател на земјата Жаир Болсонаро за наводен заговор за државен удар, објави Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Рубио: Слободната пловидба низ Ормутскиот теснец е стратешки приоритет

Рубио: Потребен е „План Б“ ако Иран не го отвори Ормутскиот теснец

Рубио: Кина и САД се согласуваат дека Ормутскиот теснец не смее да се милитаризира

Рубио најави нови санкции против Куба

Рубио: Имаме индикации дека Моџтаба Хамнеи е жив

(ВИДЕО) Рубио: На повидок е крај на војната

Горан Наумовски