Сијарто: Трамп е единствената надеж за завршување на војната во Украина

Од:

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денес, по телефонскиот разговор со својот американски колега Марко Рубио, изјави дека изминатите месеци покажаа дека американскиот претседател Доналд Трамп сега е „единствената надеж“ за завршување на војната во Украина и враќање на мирот во Централна Европа.

Сијарто оцени дека, и покрај знаците за ескалација на војната во Украина, Трамп останува посветен на мирот.

Тој нагласи дека процесот на постигнување мир меѓу Украина и Русија е „исклучително тежок“ и дека е жално што настаните од последните неколку дена укажуваат на ескалација на конфликтот. Тој додаде дека многу европски политичари работат против мировните напори на САД, пренесува MTI.

Би можело да ве интересира

Трамп ја прогласува Овалната соба во Белата куќа за национален споменик

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

Украина разви модем за дронови, повеќе нема да зависи од „Старлинк“

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Трамп: Изборите во Америка се толку наместени, што не можете ни да замислите

Зеленски бара јасни безбедносни гаранции: Кој и како ќе реагира ако Русија повторно ја нападне Украина?