ИДФ: Припадник на иранската милиција убиен во напад во Либан

Од:

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес соопштија дека во воздушен напад во јужен Либан е убиен припадник на дивизијата Имам Хосеин, иранска милиција која дејствува заедно со либанската милитантна група Хезболах.

Во соопштението, објавено од „Тајмс оф Израел“, се вели дека целта на нападот на ИДФ во градот Аин Бал, во близина на Тир, бил оперативецот Васим Саид Џабаи.

ИДФ соопшти дека Џабаи бил припадник на дивизијата Имам Хосеин и Хезболах и дека се сметал за „централна фигура“ во напорите на иранската милиција да ги зајакне своите сили.

Би можело да ве интересира

Најмалку 14 загинати, 37 ранети во израелски напади врз јужен Либан

Израелската армија: Убиени тројца оперативци на Хезболах

Горан Наумовски

Кац: Чекаме одобрение од Трамп за атентат врз Моџтаба Хамнеи

Кац: Следува смртоносен, разорен напад врз Иран

Продолженото примирје истекува в недела, тврдат Израелците

Иран погуби наводен израелски шпион