Работник загина во делчевска фабрика, Кинез усмртен од кран во погон во Кавадарци

Од:

Во фабрика во Делчево, при извршување работни задачи, вработениот В.Р.(30) од Делчево паднал од висина од околу три метри и се здобил со тешки телесни повреди. Од здобиените повреди, на пат кон Клиничка болница Штип, тој починал во возилото на Итна медицинска помош. Увид извршила екипа на ОВР Делчево, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

На 10.09.2025 во 12:10 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека Г.Х.(38) од Кина, додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци, бил удрен од кран и од здобиените повреди починал на местото. Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место во фабрика во која вчера загина 38-годишен кинески државјанин.

Според првичните сознанија, тој пристигнал во земјава кон крајот на август, но постојат сомненија дека иако се уште не му бил регулиран престојот и работниот однос, сепак веќе бил ангажиран на извршување работни задачи во фабриката. Притоа, бил притиснат од кран на висока платформа и му биле нанесени тешки телесни повреди од кои починал.

Јавниот обвинител издаде повеќе наредби со цел да испита евентуални тешки дела против општата сигурност. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, прибавена е целокупната документација за изведувањето на работите, а ќе се врши машинско вештачење на кранот и испитување на почитувањето на прописите од областа на заштитата при работа.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

18-годишник двапати се степал во иста вечер, извадил и пиштол

Катерина Ѓуровски

Кавадарчанец пронајден починат во викендичка, телото на обдукција

ВИДЕО: Три тинејџерки претепале 11-годишно девојче, снимка од тепачката објавиле на социјални мрежи

Катерина Ѓуровски

Го нападнал и сечел со мачета, српски полицаец во критична состојба

Уругвајци тешко повредени откако излетале со мотор во кривипаланечко