Период со облачно време и дожд

Од:

Променливо облачно време, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, најавуваат синоптичарите за денеска. Наместа ќе има услови за изолирана појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2) и засилен ветер (над 60км/ч).

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.

Во Скопје слично време, а во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во сабота изолирана појава на нестабилност. Во недела повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи, наместа со поинтензивни процеси.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно и посвежо и денеска и во викендот, подобрување од понеделник

Облачно, дождливо и со снег на планините денеска, за празникот врнежливо

Катерина Ѓуровски

Сончево и тополо денеска, од четврток заладување

Од вторник до крајот на неделата повремени врнежи, наместа пороен дожд со грмежи и пониска темепература

Сончево со температури до 28 степни

Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност

А1он