Адвокатот на Васев од случајот „Онкологија“ вели: Повикувањето на вакви сведоци во постапката е нецелисходно

Од:

Денеска бевме на судење за медицинскиот предмет во кој се сослушуваа законските застапници на оштетените. Сметам дека повикувањето на вакви сведоци во постапката е нецелисходно, меѓутоа, тоа е единствениот начин на Јавното обвинителство да прикаже било што во оваа постапка, истакна бранителот на првообвинетиот во случајот „Онкологија“ Нино Васев, денеска, во изјава за медиумите по одржувањето на судското рочиште на кое беа сослушувани сведоци на Обвинителството.

Според адвокатот Никола Ставрев, бранител на Васев, медицинските докази кои Обвинителството ги приложува во постапката се вештачења направени во Словенија од, како што рече, вешто лице кое, во суштина, не било вешто лице туку „обичен доктор онколог“.

– Мислам дека сте запознати дека докази немаат. Она што го прилагаат како медицински доказ е всушност вештачење од Словенија кое е направено од вешто лице, кое во суштина, не е вешто лице, туку обичен доктор онколог. Во однос на стручноста, не е квалификуван да дава наводи во судска постапка, рече Ставрев.

На новинарско прашање поврзано со денешните сведочења дека од терапијата која што им била давана на пациентите на Онкологија од страна на Васев им се влошувала здравствената состојба, Ставрев кусо одговори „сметам дека тоа не е точно и дека се на тоа наведени од Јавното обвинителство“.

Би можело да ве интересира

Вработени од Онкологија сведочеа како се набавувала и давала терапијата во времето на Васев и Нухи

Горан Наумовски

Судењето за „Онкологија“ продолжи со сослушување на сведоци

Продолжен притворот на Нино Васев за нови 30 дена, одбраната најави жалба на Апелација

Катерина Ѓуровски

Одбраната на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев бара укинување на притворот

Додека бил директор Нино Васев се потпишувал на т.н. условна терапија

Катерина Ѓуровски

Рочиште за аферата „Онкологија“: После одреден период сопругата нагласи дека не ја чувствува повеќе терапијата