„Годишнината од прогласувањето на независноста на Северна Македонија е секогаш повод да рефлектираме за тоа како беше, како е и како треба да биде“, се наведува во обраќањето на претседателот на ДУИ, Али Ахмети по повод Денот на независноста – 8. Септември.
„Уставот од 1974 година беше изменет во 1989 еднострано, со што Албанците беа лишени од државотворниот статус и овој момент претставува застојна пресвртница во земјата. Потоа, во 1991 година, Албанците повторно беа исклучени и не беа дел од процесот на осамостојувањето на Македонија од поранешна Југославија, ниту пак беа акционери во изградбата на новата држава. Така, беше изготвен дискриминаторски устав со кој се промовираше етничката супериорност на мнозинството врз Албанците и нивните заедници. Во тоа време, неодговорни политичари го пропагираа архаичниот наратив „Македонија на Македонците“. Се пропагираше постојаната невистина дека злото на земјата доаѓа од Албанците“ рече Ахмети.
Вели „Тие владееја неодговорно преку инсталирање на непостоечки страв од „опасноста што и се заканува” на земјата од Албанците. Овие погрешни политики завршија во 2001 година, кога Албанците и Македонците се здружија за да ја обноват Македонија, рамноправна и евроатлантска, преку спроведување на Охридскиот мировен договор, гарантиран од Соединетите Американски Држави и Европската Унија“.
„Новиот Устав, со сите политички препреки низ годините, беше основа за рамноправност, етничка, јазична, културна, образовна, со почитување на националните симболи и со распределба на општествените одговорности. Овој нов начин на размислување, на соживот, взаемно почитување и еднаквост, го спроведе Охридскиот договор, ја придружи земјата во НАТО и ги започна преговорите за членство во Европската Унија. Но, сограѓани, денес сведочиме заедно дека не само што се враќаме само на истиот наратив, туку и на секојдневни делувања, кои што го поткопуваат соживотот и Охридскиот Договор, меѓу етничките односи, еднаквоста и досегашните заеднички достигнувања. Моменталните партиски придобивки со антиалбанска кампања претставуваат неуспех за заедничката држава. Партијата добива, државата губи“ вели Ахмети.
Повторувам, Албанците сакаат унитарна, еднаква држава, интегрирана во НАТО и Европската Унија, порача лидерот на ДУИ.