Полскиот пратеник Марек Познањски од редовите на популиситчкото Движење на Паликот (РПЛ) побара Шпанија на Полска да и го врати преостанатиот долг во висина од 235 милиони злоти (57,4 милиони евра), од кредит што и бил исплатен во 16-от век.
Станува збор за кредит во износ од 430.000 златни дукати што шпанскиот крал Филип Втори (1527-1598) го добил од тогашната полска кралица Бона Сфорца (1494 – 1557) за покривање на трошоците за војната меѓу Шпанија и Франција за контрола врз Неапол.
Според 28-годишниот Познањски, Шпанија никогаш не го вратила кредитот во целост и сега треба да го доисплати преостанатио долг.
Бидејќи еден златен дукат тежел 3,5 грама, тој пресметал дека според сегашната цена на злтото, станува збор за сума од 57,4 милиони евра.
Според расположливите историски подароци, Шпанија вратила само околу 10 проценти од земениот кредит.
Правните експерти се скептични во врска со шансите на Полска да си ги поврати овие пари, како поради вековите минати од нивната исплата, така и поради промените што настанале во двете земји од тогаш.