ВИДЕО: Пожар во фабрика во Виница, позната по брендот „Винчини“

Од:

Голем пожар изби во фабриката Макпрогрес“, позната по брендот Винчини“.

Пожар избил попладнево во фабриката Винчини“ во Виница, кој зафатил неколку производни погони, информираат од Центарот за управување со кризи.

-Денес, во 18:40 часот, во Центарот за управување со кризи преку бројот Е-112 е добиена пријава за пожар во фабриката за кандирани производи и вафли Винчини“ во Виница. Пожарот избувнал во магацините и во производствените погони 6, 7 и 8 на фабриката. На терен веднаш излегле екипите на ТППЕ Виница со неколку противпожарни возила и пожарникари, наведуваат од ЦУК.

До градоначалникот на Виница, се додава, е дадена насока да побара дополнителна поддршка и помош од соседните општини.

-Веќе се вклучени ТППЕ Кочани и ДПД Кочани со сите свои капацитети и ресурси, а поддршка е побарана и од Општина Македонска Каменица и Штип. Доколку биде потребно, ќе се ангажираат сили и од други општини, се наведува во соопштението

Со оглед на тоа дека станува збор за специфичен урбан пожар, неопходно е ангажирање исклучиво на професионални пожарникари, стои во извештајот од ЦУК.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Десет пожари на отворен простор, активни се шест

(ВИДЕО) Ангелов: Изгаснат пожарот кај Лопатица, останува високиот ризик од нови огнени стихии

ЦУК: Пет активни пожари, два се под контрола

Горан Наумовски

Пожар во атарот на кумановското село Никуштак

Осум пожари се активни во земјава, 13 се изгаснати

(ВИДЕО) Ангелов: Да се исчистат од вегетација напуштените објекти, превенцијата од пожари помага многу