Кавадарци организираше прием за претставници од Федерацијата на Европските карневалски градови

Од:

Во рамките на традиционалната стопанско – туристичка и културна манифестација Тиквешки гроздобер 2025“, синоќа во амбиентот на Вински музеј во градскиот парк во Кавадарци, беше организиран прием за претставници од Федерацијата на Европските карневалски градови.

На настанот беа и учесници од карневалски групи, како и кралицата и кралот на годинешниов фестивал.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев рече дека Кавадарци има чест да биде домаќин на оваа тридневна манифестација исполнета со многу настани, меѓу кои денеска во попладневните часови е и карневалското дефиле, во кое учествуваат карневалски групи од земјава и странство.

– Уживајте во нашиот град, во традицијата и културата, во вината што ги раѓа тиквешкото поле, порача Јанчев.

Претседателот на Совет на Општина Кавадарци, Стојанче Рамов потсети на традицијата на манифестацијата, што, како што рече, е белег на Тиквешијата и на Кавадарци, како најголема општина во најголемиот лозаро винарски регион во државата.

Во рамките на манифестацијата, на агендата, меѓу другото се и тајна дегустација на вино, изложба на олдтајмери и други содржини.

Би можело да ве интересира

Јанчев: Подметнат е пожарот на локалитетот Мушов Гроб

Горан Наумовски

Двајца мажи од Росоман му се заканувале на Митко Јанчев и на неговото семејство

Горан Наумовски

Митко Јанчев пријави во полиција дека му се заканува сограѓанин

Отворен Ски центарот ,,Михајлово”

Приведен кавадарчанец, му се заканувал на Митко Јанчев и на неговoто семејство

Катерина Ѓуровски

Се бара изградба на обиколница во Кавадарци за да се намали загадувањето на воздухот

А1он