ВИДЕО: Полицаец во Берлин тепаше демонстрантка од Ирска, реагираше ирскиот премиер

Од:

Ирските власти изразија загриженост откако ирска активистка беше претепана од полицаец за време на пропалестински протест во Берлин. Кити О’Брајан, која живее во Берлин, се опоравува во болница од повреди за кои била потребна операција, објави денес „Ајриш тајмс“.

На видео се гледа како полицаецот ја удира двапати во лицето, оставајќи ја да крвари.

Премиерот Михаел Мартин изјави дека е длабоко загрижен од она што го нарече неприфатлив напад. Ирската амбасада во Берлин се вклучи во случајот.

Германските опозициски политичари и активисти велат дека инцидентот е дел од поширока шема. Василиј Франко, политичар од Зелените во Берлин, го обвини градоначалникот Каи Вегенер дека поддржува „тврд став кон демонстрантите“ и рече дека претходно одбил да истражи.

Писателот и активист Мохамед Амџахид рече дека случајот претставува нова ескалација, тврдејќи дека на германската полиција ѝ е дадена слобода да прави што сака, со минимална одговорност.

Германија нема независен омбудсман за полицијата, а жалбите најчесто се обработуваат интерно, ретко доведувајќи до обвиненија.

Германскиот амбасадор во Ирска, Дејвид Гил, изјави дека снимката е навистина ужасна.

Берлинската полиција соопшти дека не е отворена прелиминарна истрага против полицаецот на видеото, но дека истражуваат дали неговото однесување е соодветно.

Вкупно 94 лица беа приведени по судирите во центарот на Берлин, а беа покренати и 96 истраги.

Би можело да ве интересира

АфД бара укинување на Европскиот парламент и промена на еврото

Захарова: Русија не се откажува од своето хуманитарно и културно присуство во Германија

Германија, Италија и Белгија бараат право да блокираат прописи на ЕУ

Мерц: Реформите ми се поважни од популарноста, не сакам да бидам миленик на нацијата

Затворен аеродромот во Нирнберг поради вонредна ситуација во авион

Катерина Ѓуровски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он